Граѓаните веќе тргнаа по другите земји да бараат вакцини за да се вакцинираат.
Вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Лозница викендов беа повторно отворени за граѓаните на Македонија и Босна и Херцеговина, според српските медиуми до сега таму бесплатно се вакцинирани повеќе од 2.000 луѓе. Повеќе од 750 граѓани на Македонија викендов отпатуваа во Врање за да примат прва доза вакцина, соопштуваат од тамошиот здравствен центар. Досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, дел од нив примиле и втора доза. Граѓаните од Македонија за српските медиуми, велат дека дошле во Србија на вакцинација затоа што сакаат што поскоро да се вратат во старото нормално функционирање.
-Да се заштитам и да заврши веќе оваа агонија со маски. Имав закажано термини и во Македонија, но сеуште со вакцините е малку проблематично, вели граѓанин.
-Прво, заштита и за нормално функционирање, бидејќи година и пол не функционираме нормално, не функционираме целосно, вели граѓанка.
Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека наскоро пристигнуваат 500 000 вакцини кои беа нарачни од кинескиот производител „Синовак“. Со нив ќе се забрза процесот на вакцинација.
Уште една добра информација е тоа е одделено како количина за нашата земја се наоѓа во претходно пакувани шприцеви, како што беше со првата пратка од „Синофарм. Тоа го олеснува начинот на давање. Оставам резерва, но верувам дека ќе се оствари тоа што го најавија претставниците на компанијата односно во следните седум дена да стигнат 500 илјади вакцини“, изјави министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми на 03.06.2021.
-Нема ниту трага ниту глас од руските вакцини „Спутник“, кои требаше да пристигнат во Македонија до крајот на мај. Министерот за здравство Венко Филипче побарал информација од Амбасадата на Руската Федерација зошто доцни испораката на вакцините. „Спутник беше најавено дека ќе стигнат на крајот на мај, но не дојдоа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зеде обврска да искомуницира со Институтот во Москва и да даде повратни информации“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на 01.06.2021 по посетата на Клиниката за детски болести.
Но и од опозицијата секојдневно се апелира дека министерот за здравство Венко Филипче и самата власт потфрлија на вакцинацијата, не само што започна пет месеци подоцна туку не се набавија ниту вакцини за секој граѓанин во државата.
Има заборавени граѓани со ретки болести, транспплантирани, лица на дијализа кои својот ред за вакцина го добија со пет месеци доцнење. Да, со пет месеци доцнење, затоа што вакцинацијата против корона на овие лица во сите други земји стартуваше крајот на минатата година, крајот на декември. И не само тоа. Системот за вакцинација на Филипче целосно потфрли, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.