Во експлозијата што се случи синоќа во Смедерево загинал Ѓорѓе А.(56) кој го активирал експлозивот, а повредени се братот и сестрата Никола П. и Миљана П. кои биле во станот.

Во станот во кој се случила експлозијата живееле таткото Александар П.(63), синот Никола П.(27), Миљана П.(24) и малолетното дете, внук на Александар П.

По детонацијата не е во животна опасност Никола П. Се здобил со абдоминални повреди кои се окарактеризирани како тешки, но е свесен и комуникативен.

„Мажот има повеќе повреди по телото, од главата, градите, стомакот и екстремитетите. За среќа, нема повреда на внатрешните органи, нема внатрешно крварење и неговиот живот не е во животна опасност. Но, тој има повреда на двете очи, а на едното најверојатно трајно ќе го загуби видот, за другото дијагностиката е во тек и ќе видиме што ќе направат нашите колеги во Белград, дали ќе успеат да му го спасат видот.“ вели д-р Жељко Смиљаниќ помошник директор на Општа болница Смедерево.

Со полесни повреди, односно расекотини по лицето се здобила Миљана П.

„Првичната дијагноза е поставена и нема знаци на повреда на виталните органи, општата состојба е стабилна и надвор од животна опасност. Насекаде има исеченици по главата и рацете. Немаше потреба од никаква хируршка интервенција кај неа“, вели д-р Смиљаниќ.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на улица „Слобода“ во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала „неколку километри подалеку“.