Александар Вучиќ игра шах – фотографија со порака „Моменти на релаксација“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах додека Белград протестира, и тоа го објави на Инстаграм со фотографија од зградата на Претседателството. На неа игра шах со Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции, придружена со коментар: „Моменти на релаксација“. Објавата дојде во истиот момент кога низ Белград се одвиваа студентски протести на Видовден.
Студентите маршираат – Славија под опсада
Под слоганот „Се гледаме на Видовден“, протестот започна попладнево од неколку локации и се слеа на плоштадот Славија. Студентите бараат распуштање на парламентот и распишување нови избори, со краен рок до 21 часот. Ако властите не одговорат, организаторите најавија граѓанска непослушност. Пред Собранието се одржа и литературна вечер.
Вучиќ тврди дека протестот нема ефект, но очекува нереди
Претседателот Вучиќ изјави дека очекува насилство по 21 часот, но оцени дека протестот е „бесмислен“ и нема да донесе резултати. Тој рече: „Ќе има насилство. Тие не можат да го избегнат тоа… но ние сме подготвени“. Опозициските гласови предупредуваат дека оваа изјава е обид за заплашување и алиби за полициска интервенција.