„Артан Груби го навлече гневот заради низа досега ако не се лажам 7-8 скандали поврзани со него. Знаете дека брат му купуваше на улица „Македонија“ локал за 650/700 евра од квадрат, каде што е 3.000 евра квадрат и локалот не е отворен се уште“, рече Горан Момировски во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Момировски дури потсети кога братот на Артан Груби исто така земаше пари од државните институции за поддршка на компании.
„Финалето на оваа кулминација од незадоволството на граѓаните од Артан Груби е со „Бехтел и Енка“. Тој е сега координатор за сите автопатишта. Толкава акумулирана моќ на еден македонски политичар досега јас не се сеќавам да некој имал освен ако не бил премиер. Овакво нешто, оваква моќ, да водите вие министерство и да раководите со автопатишта, да координирате со милијарда и 300 милиони евра проекти, каде што се крие договорот во кој што гарантирам дека има милиони грешки, јасна е причината зошто луѓето се незадоволни“, појасни Момировски.
Тој нагласи дека граѓаните имаат право да знаат сѐ околу договорот со „Бехтел и Енка“ бидејќи тие истите граѓани плаќаат даноци кон државата.
„Знаете ли во списанието „Foreign policy“ што пишува за „Бехтел и Енка“ пред осум години? „Бехтел и Енка“ што сите велат дека е реномирана фирма, јас не велам дека не е така, но има низа проблеми, на Косово имате вие таму обвиненија против луѓе кои што потпишувале договор со нив. на крај на краишта не ме интересира ниту „Бехтел и Енка“, ниту Агелер, ниту Америка, ме интересира тоа што јас го плаќам како данок. Зошто да не можам да видам дали битуменот е 10.000 денари, или е 5.500 денари како што е цената во Македонија? Зошто да не можам да видам каде се трошат моите пари“, запраша Момировски.
Момировски рече дека тука е проста работата, значи нешто се крие од граѓаните. Автоматски граѓаните претпоставувам чим се крие договорот, значи има нешто криминално. Ако немаше криминал, досега Владата ќе го објавеше договорот.