Таа истакна дека во министерството се подготвени на три сценарија.

– Во моментов епидемиолошката состојба е добра, и очекуваме да биде таква и во септември. Ние во министерството за образование и наука сакаме да почне учебната година со физичко присуство, но сме подготвени на три сценарија. Првото е целосно отворање на училиштата и настава со физичко присуство. Второто сценарио е комбинирано како што беше досега односно најмалите да следат со физичко присуство од прво до четврто одделение, а другите онлајн. Третото сценарио е да се следи наставата во групи, односно една недела една група да следи настава со физичко присуство, а другата недела друга група. Во секој случај ќе зависи од многу фактори, пред се од епидемиолошката состојба и од препораките од Комисијата за заразни болести, рече Царовска.

https://fb.watch/6pkll5B5Kt/

Таа повтори дека сака новата учебна година да започне целосно со физичко присуство.