Полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 32-годишниот Л.О. од скопско село, по пријава дека извршил обљуба врз деветгодишно девојче, исто така од неговото село. Настанот се случил во друго скопско село, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето е извршено веднаш по добивањето на пријавата.

СВР Скопје го приведе осомничениот, против кого следува соодветна пријава по расчистување на случајот.