-Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва и документи и таков еден случај прилично документиран темелно и јасно добивме пред неколку дена, го истражуваме, го анализираме, којшто се однесува за сега, не за минатото, бидејќи Анкетната комисија го опфаќа периодот до 2021 година. Јас зборувам за сега во 2023 година и ако тоа се потврди за точно, тогаш навистина морам да кажам дека имаме работа со монструми, а не со луѓе, вели Мицкоски.

И покрај неодамнешниот скандал со терапии за пациенти на Онкологија, вознемирувачките извештаи откриваат дека злоупотребата од нечовечки размери продолжува. Во тек се планови овие наводи да се објават во јавноста,

Мицкоски ги искажа своите намери за вклучување на обвинителството поради загриженост за тековната истрага во Министерството за внатрешни работи.

Деталните информации во врска со овој нов случај поврзан со Онкологија сè уште се проверуваат и ќе бидат изнесени во јавноста лично од Мицкоски.

Извор: Канал 5