Измените на Изборниот законик денеска се пред членовите на собраниската Комисија за политички систем. Помалите партии со измените бараат пратениците на Собранието да се избираат со пропорционален модел без изборен праг, при што државата би била една изборна единица.
Според претседателката на ДОМ , Маја Морачанин која е еден од потписниците на овие предлог измени, промената е во насока на демократизација на општеството и подобра претставеност на граѓаните во Собранието. Вели, истражувањето говори дека поголемите партии не губат многу, односно би имале само еден пратеник помалку, Собарнието би добило еден пошаренолик состав репрезент на поширока волја на граѓани.
Очекува конструктивна дебата во Собранието но и промена на ставовите на партиите од албанскиот политички блок.
Морачанин вели дека напуштањето на Владата доколку не се донесат овие измени е само шпекулација, а во овие моменти на криза на државата и треба голема кохезија.
Лидер: После година дена промените на Изборниот законик “излегоа од собрансиката фиока“. Дали Македонија ќе успее да ја стави личноста пред партијата? Какви се шансите Македонија да стане една изборна едници?
-За појаснување, личноста пред партијата , тоа повеќе се однесува за нашиот предлог за отворени листи. Тогаш ако се прифатат отворени листи луѓето ќе можат да си гласаат конкретно за кандидат. А ова една изборна едница се однесува на промена наместо шест да имаме една изорна единица и таа промена е во насока на демократизација на општеството и подобра претставеност на граѓаните во Собранието. Зошто? Затоа што со овој модел бидејќи се рацепкуваат на 6 изборни единици гласови од одредени партии се случува некоја партија особено еве помалите партии да освојат 30,40 000 галсови на ниво на држава а да не успеат да добијат ниту еден мандат за пратеник во Собрание. Што значи тие граѓани што гласале за таква опција остануваат непретставени во Собранието. И доколку се усвојат овие измени, сега овој предлог закон е само за промена на изборниот модел за една изборна едница, тогаш ќе биде пошаренолико Собранието и ќе можат интересите на различни групи граѓани да бидат претставени во самото Собрание. И во таа насока зборуваме за демократизација на општеството.
Лично јас очекувам да биде поддржан предлог Законот. Зошто? Да, факт е дека помалите партии добиваат со вакви изборни едници , но не губат големите партии. Истражувањата велат дека по еден пратеник би имале помалку овие големи партии. Но важно е граѓаните да бидат соодветно претставени и да имаме во Собранито пратеници, претставници на граѓани со различни интереси, со различна идеологија и итн. Тој контекст е важен и дополнително што истражувањето покажува дека промената на изборниот модел за една изборна еднициа па и за отворени листи има поддршка од граѓаните. Значи граѓаните бараат да има промена на изборниот модел во оваа насока.
Лидер: Колку е сериозна најавата за напуштање на Владата од страна на малите партии , доколку не се донесе една изборна единица?
-Тоа се некои шпекулации. Нема такви договори, не знам како излезе таа шпекулација во јавноста. ДОМ секогаш е многу конструктивна партија и апосолутно не сметам дека особено во ваков момент во кој се наоѓа државата во енергетска во економска криза, кога имаме војна во Европа да се дестабелизира и Владата и соодветно државата. Знаете ако падне Владата треба повторно цели процедури, нас сега ни треба стабилност како грѓани, како држава и ни треба поголема кохезија. Генарално затоа што навистина е ова многу тежок период во кој треба сите максимално да се вложиме и да бидеме конструктивни.
Лидер: Сметате ли дека албанскиот политички блок “ќе попушти“ и ќе се донесе една изборна единица?
– Јас се надевам . Овој предлог закон ДОМ го предложи уште пред две години, минатиот мандат. Тогаш и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го блокираа законот со 3000 амандмани. Воопшто не се отвори дебата во СОбранието бидејќи беше блокиран. Сега кај ВМРО ДПМНЕ гледаме промена во ставот, тие тогаш зборуваа дека се заинтересирани за мнозински модел сега велат дека поддржуваат пропорционалем модел со една изборан единица. Има пормени во ставовите. Јас се надевам дека оваа дебата во Собарнието, а исто така предлагаме и јавна расправа во Собранието, да се повикаат и екпсерти и невладини здруженија, ова е сепак важна тема, и тогаш може да очекуваме и промена на ставовите. Очекувам параламентарната дебата да води кон тоа.
Подносители на Предлог-законот се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Панчо Минов од СДСМ и сега веќе поранешниот пратеник на ДОМ, Мирослав Богдановски.
Со поднесениот Предлог-закон се предвидува и на етничките заедници кои се застапени со помалку од 20 проценти од населението да им се гарантира пратеничко место, доколку „освоиле најмалку ист број на гласови со бројот на гласови потребни за пратеничко место”.