Судот во московскиот округ Хамовники вчера му изрече казна од 60.000 рубљи (968 евра) на новинарот Илја Азар поради објава на Фејсбук, која, според обвинението, ја дискредитирала руската армија.

Според соопштението на прес-службата на судот, делото за административен прекршок е за објавата на Азар на Фејсбук, посветена на борбите во областа на украинскиот град Харков.

Оваа социјална мрежа е забранета во Русија, а нејзината матична компанија Мета е прогласена за екстремистичка организација.