Пешак од Прилеп е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист.

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Прилеп, удрил во пешакот З.С.(45) од Прилеп.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.