Триесет и тригодишен скопјанец, кој управувал моторцикл без валидна дозвола, удрил 10-годишно девојче на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

Според првичните информации, моторџија без дозвола управувал „Пиаџо Беверли“ моторцикл без заштитен шлем и без соодветна дозвола за таа категорија возила.

Инцидентот се случил пред влезот на основното училиште „Васил Главинов“, во момент кога девојчето легално преминувало на обележан пешачки премин.

Наместо да запре и да даде предност, моторџијата продолжил да се движи и со предниот дел на моторциклот го удрил детето, кое паднало на коловозот.

Како последица на ударот, малолетничката се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на долен екстремитет – и веднаш била пренесена во болница.

  • Возачот управувал моторцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски таблички по десната сообраќајна лента на улицата „Џон Кенеди“, без да носи заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од „А“ категорија, потребна за ваков вид моторцикл. Пристигнувајќи пред влезот на основното училиште „Васил Главинов“, на обележаниот пешачки премин не застанал за да им даде предност на пешаците кои започнале да го преминуваат коловозот. Со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на 10-годишно девојче кое се движело по пешачкиот премин. Како последица од ударот, девојчето се здобило со тешка телесна повреда – скршеница, информираат од обвинителството.

Од обвинителството појаснуваат дека моторџијата со своето постапување го загрозил јавниот сообраќај и ја довел во опасност безбедноста на луѓето.

За да се обезбеди неговото присуство во понатамошната постапка, јавниот обвинител предложи мерки на претпазливост.

Како што стои во соопштението, предложени се повремено јавување кај службено лице во судот и привремено одземање на патната исправа.

Судот ги прифати предложените мерки.

Скопјанец удрил десетгодишно девојче со мотоцикл – осомничениот во притвор, детето со тешки телесни повреди

Извор: Makfaks