Потрагата по добар мајстор, особено кога итно ни треба поправка, обично носи стрес и нервоза. Трошоците, често повисоки од планираните, можат само да ни направат главоболка. Сепак, дали е можно да се најде добар мајстор без премногу мака?
„Крајно професионални мајстори. Ги испочитуваа сите рокови. Направија се совршено. Исклучително сум задоволен од стаклената туш кабина и преградниот ѕид со лизгачки врати како и од цената што ја платив за се“, напиша г-дин Манчев на порталот Daibau.mk.
Вакви коментари ретко може да слушнеме по реновирање или поправка, што по правило носи стрес. Компликациите речиси секогаш се гратис. Прво, треба да најдете мајстор на кого ќе му ја доверите работата, а тоа често изгледа како да барате игла во стог сено.
Малкумина среќници имаат свои мајстори на кои секогаш можат да се потпрат, но на повеќето сè уште им е потребна помош. И навистина нема ништо полошо од тоа да чекате некој мајстор конечно да се појави на вратата, а потоа само да ја „изработи“ работата и да не го реши проблемот. Тоа „задоволство“ често чини многу повеќе отколку што сте планирале.
И како што обично се случува, сите одговори најмногу ги бараме на интернет, а тоа е посебна приказна. Толку многу реклами и телефонски броеви, но нема начин да се проверат.
И тогаш низ главата почнуваат да ви се вртат илјадници прашања. Како да знам кој е вистински мајстор, кој добро ќе ја заврши работата, како да бидам сигурен дека нема да ми наплатат премногу и дека ќе дојдат во договореното време?
Сите информации на едно место секако заштедуваат време и проблеми. Со можноста да се читаат коментарите и оценките за мајсторите, веќе нема измами во стилот „поправката е добра додека мајсторот е тука“.
Од друга страна, кога мајсторот ќе ве измами – ја одложува поправката, не го решава проблемот или ја преценува својата работа, гледаме да ја споделиме нашата болка со некого, па макар и како коментар на интернет. Тоа можеби ќе им биде од помош на другите, за да не мораат да поминуваат низ тоа.
„Ми се допаѓа тоа што собирате коментари од корисниците, ги оценувате давателите на градежни услуги и ги собирате на едно место. Можам да најдам и видам сè што ме интересира на истата интернет адреса и секогаш можам да испратам барање преку онлајн формуларот “, коментираат корисниците на Daibau.mk.
А тоа е добар начин за докажана, чесна, сигурна и квалитетна работа. Лошиот рејтинг секогаш носи лош публицитет, а тоа никој не го сака.
Се чини дека поправките и реновирањето, сепак, може да се направат без главоболки и не мора наеднаш да го исцрпат буџетот на домаќинството.
Градежната платформа Daibau.mk применува сеопфатна дигитализација на градежниот пазар, овозможувајќи брзи, прегледни и квалитетни услуги.
Покрај поврзување на клиенти и градежни компании и мајстори, на Даибау платформата ќе најдете и списание со многу квалитетни совети и новини од областа на архитектурата и градежништвото. На платформата исто така ќе најдете практичен калкулатор со приближни цени на градежни проекти, материјали и услуги од изведувачи кои ве интересираат. Тоа ви овозможува да направите брза проценка на вашиот проект за реновирање или градба, со што полесно ќе ги оцените пристигнатите понуди.
Даибау – сѐ во врска со градежништво на едно место!