Единствена причина зошто не почнавме со отворање на поглавја е неисполнувањето на условот од преговарачката рамка за уставни измени, изјави премиерот Ковачевски во Брисел не земајќи предвид дека досега ВМРО-ДПМНЕ се обиде да помогне на власта, но напразно.

Наместо да зборува за неиспорачаните реформи премиерот од Брисел со обвинувања за опозицијата.

Во тек е последниот Совет на Европската унија за време на шпанското претседателство, а во Брисел присутен е македонскиот премиер кој смета дека не треба да се испушти и оваа шанса што ни е дадена за усвојување уставни измени до изборите. Тој нагласи дека оваа работна посета на Брисел можела да изгледа сосема поинаку.

„Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат. Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА“, рече премиерот Ковачевски.

И покрај сето ова, додаде Ковачевски, во Брисел за нашата држава имаше позитивни дискусии и натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата.

„Во заклучоците на ЕУ каде многу јасно е наведено дека Северна Македонија штом го исполни својот услов за спроведување на амандманите во Уставот, веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција. Нашата единствена алтернатива е ЕУ, ние од европскиот пат нема да се откажеме и отстапиме“, нагласи Ковачевски.

И покрај тоа што наративот на Ковачевски е насочен негативно кон ВМРО-ДПМНЕ, сепак факт е дека ВМРО-ДПМНЕ неколкупати досега понуди решенија кои беа одбиени од власта.

Oдложено дејство на уставни измени, хрватски модел, тимови за клучните области: Митева потсети дека ВМРО-ДПМНЕ подаде рака на власта, но напразно

Вчеравечер, портпаролката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на ТВ24 потсети дека ВМРО-ДПМНЕ се обиде да подаде рака на власта со предлозите како: Oдложено дејство на уставни измени, хрватски модел, тимови за клучните области, но сепак тоа било напразно бидејќи власта своеглаво, а според неа сржта на проблемот лежи во тоа што не владее на правото и државата не се справува со корупцијата.