ВМРО-ДПМНЕ ги поврзува пожарите со обиди на СДСМ да дефокусира од внатрешната криза и распадот на легитимитетот
Со обвинувања за подметнување пожари, ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на нови информации поврзани со пожарот во Чучер-Сандево. Според партијата, постојат индиции дека некој намерно се обидел да го реактивира огнот, фрлајќи дрвени палети намачкани со бензин.
„Ја алармираме јавноста за можна организирана саботажа“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се тврди дека структури блиски до СДСМ настојуваат да ја претворат оваа елементарна непогода во политичка алатка.
Организирана саботажа: ВМРО-ДПМНЕ со директни прашања до СДСМ
Партијата отворено прашува дали СДСМ стои зад ваквите инциденти и дали креатира организирана саботажа
„Со оглед на упорната потреба на СДСМ да го користи секој инцидент за дневнополитички поени, но и на фактот што подметнувањето пожари станува повторлив модел, ние јавно прашуваме:
Дали позади овие пожари стојат структури блиски до СДСМ?
Дали ваквите инциденти се обид да се дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии, пукнатини и крајниот распад на легитимитетот на нивното раководство?
Дали ова е последниот обид на картелот кој ја држеше државата во заробеништво да создаде хаос за да се претстави како „пожарникар“ на проблеми што сам ги создава?“
Повик до институциите и граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ очекува институциите целосно да го истражат случајот, но и упатува апел до јавноста да размисли кому му одговара состојба на хаос.
„Но, и граѓаните нека си постават сами едно прашање: кому му одговара Македонија повторно да биде завиена во чад и во хаос?“, завршува партиското соопштение.