Многу шпекулации се појавија во јавноста во врска со продолжувањето на тренерската кариера на Дидие Дешамп. Поранешниот француски селектор претходно беше поврзуван со Олимпик Марсеј, Реал Мадрид и клубови од Саудиска Арабија, а најновите информации најавуваат можност за негово враќање во Италија.

Човекот кој на Франција ѝ ја донесе светската титула важи за исклучително атрактивно име на тренерскиот пазар. Тој неодамна беше забележан на југот на својата земја како одмора и следи натпревари од пониските фудбалски рангови, додека во спортската јавност кружеа тврдења дека планира да пронајде нов клуб до претстојната Нова година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека сега му се отвора простор за ново поглавје со Јувентус, што би претставувало романтично враќање слично на опцијата со Марсеј. Торинската „Стара дама“ покажува променлива форма од почетокот на сезоната, а поразот од Џенова го засили притисокот врз стручниот штаб предводен од Лучано Спалети.

Дешамп веќе има богата историја со италијанскиот великан. Поминаа точно 20 години откако тој седна на клупата на Јувентус како тренер и успеа експресно да го врати тимот во елитната Серија А веднаш по аферата „Калчополи“.

Претходно, во периодот од 1994 до 1999 година, тој настапуваше како играч за „бјанконерите“, забележувајќи над 120 настапи и освојувајќи ги сите можни клупски трофеи. Поради постигнатите резултати низ кариерата, Дешамп се смета за вистински магнет за пехари, и покрај општите впечатоци и критиките за неговиот завршен ангажман на чело на францускиот национален тим.