Тимчо Муцунски се огласи на својот facebook профил по повод празникот Св.Климент Охридски каде со силна порака го честиташе овој празник.
„Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш“, ова е цитат на еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител – Климент Охридски.
Денеска, Република Македонија го празнува неговото име и дело. Како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, тој со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во македонското културно наследство, но и во историјата и во традицијата на многу европски земји. Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-просветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Тој е автор е на многу поучни и пофални зборови. Нека е за многу години денешниот голем празник, велеше пораката на Муцунски