Муцунски: Ќе направиме се граѓаните да имаат чиста и зелена општина
М
Денеска Општина Аеродром продолжи со мапирање и чистење на дивите депонии низ општината, информира новоизбраниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
-Општина Аеродром ќе направи се граѓаните на Аеродром да имаат чиста и зелена општина. Конечно ставаме крај на беззаконието и уништувањето на зелените површини, пишува Муцунски на Фејсбук.