Не може насилно да се става европско знаменце на закон за да се избегне дебата и да се избегне дискусија за тоа дали нешто е добро или не, и под параванот на Европа да видиме грубо прекршување на процедурите на функционирање на парламентот и да видиме дека оваа Влада е се само не европска. Видовме во петокот и делегацијата на ЕУ и официјално го потврди ова, рече Тимчо Муцунски, градоначалник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
„Да погледнеме една нивна прес конференција, со која ароганција и дрскост одбиваат отворено да зборуваат за реалните состојби во државата и уште да гледаме како објавуваат соопштенија во кои велат дека ова е европски чекор. Ова се граничи со политичка лудост, веројатно свесноста е висока и дека и покрај перцепцијата за висока корупција на сите им е јасно дека ова е најкорумпираната Влада, но истовремено и најнеспособната Влада. Власта е свесна дека е перцепирана како корупмирана и единствено решение се избори по што ќе се воспостави одговорност“, рече Муцунски.
Муцунски посочи дека една од последните анкети говорат дека СДСМ ги чека историски слаб резултат.
„Затоа ова раководство на СДСМ треба да се порази и да има влада на добри мерки, да го вратиме дигнитетот на Македонија на меѓународен план“, посочи Муцунски.
Муцунски се осврна и на Договорот за коридорите 8 и 10д посочувајќи дека партијата има пристап до содржината на истиот и според кој ќе се плаќаат 300 милиони евра во пенали.
„Срамно е што прифаќаме да плаќаме автопат по 25 милиони евра по километар. Прва обврска на новата влада ќе биде да има истражни мерки од органи кои се ослободени од политички стеги и сите овие прашања да ги истражуваат на правичен начин“, кажа Муцунски.
Според него оваа власт на СДС и ДУИ ќе се памти по огромниот број на скандали, расипнички однос кон домашна економија, завршува учебна година немаат учебници учениците, потоа по тоа што здравството како што самиот министер е во руинирана состојба.
Муцунски заклучи дека оваа власт презема обврски кои не може да се реализираат.
„Прво што треба да се направи е кога се става европското знаменце на закон не може да се спречи, но пратениците ќе дадат соодветен отпор, а за Уставот и за било какви промени под диктат не може да се прават“, рече Муцунски.