Тој ги нагласи негови приоритети за развој на општина Аеродром.
-Во општина Аердором на местото каде што треба да биде општинската зграда планирана од СДСМ, ние ветуваме дека ќе има нов голем парк од 5,000м2 со Монтесори содржини, за огромниот број на млади семејства кој што живеат во општината, истакна Муцунски.
Тој додаде дека на територијата во непосредна близина на ФФМ е планиран Луна парк со површина од 80.000м2 ( втор по големина во Градот Скопје ).
-Бидејќи здравјето на граѓаните е приоритетно и најважно, со меѓуопштинска соработка ќе се погрижиме решавање на проблемот со дивите депонии, нагласи Муцунски.
Тој посочи дека решавањето во однос на паркинг местата е предвидено со нови подземни 3.000 паркинг места на територијата на општина Аеродром.