Продлабочување на соработката, одговор на предизвиците, зајакнување на колективната одбрана, одржување на мирот и стабилноста – на претстојниот НАТО Самит во Вашингтон ќе се носат важни одлуки за иднината на најмојќинот воено-политички сојуз. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на НАТО-појадок со амбасадорите, порача дека Македонија е подготвена да продолжи да ги исполнува своите обврски насочени кон зајакнување на Алинасата. Земјава е дел од групата сојузници кои веќе достигнаа 2% од националниот БДП за трошоци за одбраната.
“Благодарни сме што НАТО го препознава Западниот Балкан како Регион од стратешка важност за Алијансата. Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот е од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштинско значење за зацврстувањето на стабилноста и затворањето на вакуумот кој е подобен за дестабилизирачки влијанија од трети страни”, истакна министерот Муцунски.
Присуството на високите претставници на ЕУ на Самитот во Вашингтон, според Муцунски ќе биде големо значење бидејќи двете организации споделуваат исти вредности.
Сојузот е исправен пред голем предизвик, бидејќи како што рече Муцунски, руската агресија против Украина драматично го измени безбедносното опкружување на Европа. Во таа насока, тој ја повтори поддршката од Македонија за Украина,
На Самитот кој ќе се одржи од 9 до 11 јули во срцето на САД, ќе биде одбележана 75 годишнината од постоењето на Алијансата. Се очекува земјите членки треба да ја реафирмираат заложбата за одржување мир и стабилност, но и да продолжи блиската координација на НАТО и ЕУ за да се заврза евроаталнтската интеграција на регионот.