Од таму, Муцунски најави изградба на две нови градинки во текот на следната година.
-Ние ветивме во нашата програма 4 нови градинки во еден мандат и веќе од следната година сме подготвени да отпочнеме со постапка за две нови. Тоа е еден од клучните приоритети во нашата општина, бидејќи има недостаток на места, а тоа создава огромен проблем за родителите и семејствата и во таа насока веќе од првиот ден сме фокусирани на тоа што е најважно- решавање на проблемите на граѓаните и обезбедување на подобар живот на граѓаните, истакна Муцунски.