Денот на независноста со македонската заедница во Швајцарија

Тимчо Муцунски денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември, заедно со бројната македонска дијаспора во Женева.

Во својот говор, тој го истакна значењето на дијаспората како мост помеѓу Македонија и Швајцарија:

„Во обраќањето го нагласив значењето на македонската дијаспора како мост помеѓу двете земји – поттикнувач на поблиски културни и економски врски, но и како чувар на идентитетот и вредностите на нашата земја.“

Муцунски изрази благодарност за сите иницијативи, проекти и активности на македонската заедница во Швајцарија и ја потврди решеноста на Владата да ја унапреди врската со дијаспората.