Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на комората Aјдован Адемоски, заменик претседателот Марија Томеска и заменик претседателот, Есер Џевахир.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во делот на бизнисот и економијата со надеж дека истата ќе продолжи и во следниот период, а активностите ќе бидат насочени кон понатамошно мотивирање на нови странски компании, кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија.
На средбата од страна на министерот Муцунски беа претставени преземените надлежности и одговорности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на странските инвестиции, нагласувајќи дека министерството во иднина ќе претставува вистински сервис на компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во државата.
Имајќи го предвид посточекиот договорот за слободна трговија, двете страна го потврдија значење на трговската соработка помеѓу двете земји и притоа ја нагласија важноста која истата ја има за двете економии.
Од страна на претставниците на стопанската комора беше истакнато дека МАТТО претставува сервис на турските инвестиции во нашата држава, притоа од нивна страна беа презентирани активностите кои се планирани во следниот период, како и можноста за организација и посета на бизнис форуми каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија.