Новоизбраниот кандидатат за градоначалник од Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска направи европски потег со кој ги придобри симпатиите на јавноста.

Имено, во текот на денешниот ден тој ги поканал сите кандидати на постизборна дружба кои тие ја прифатиле. За овој гест, тој се огласи на социјалните мрежи.

– Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани.
Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало!, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timco Mucunski (@mucunski)