Политичкиот аналитичар, публицист, Нијази Мухамеди во изјава за Лидер вели дека со Договорот Заев-Гаши се делегитимира демократската улога на албанците во политичкиот живот. Целта според Мухамеди е оваа Влада да ги организира изборите напролет за да ги добие истите. Нечесноста оди дотаму, вели Муахамеди, оваавнатрешна длабока криза на СДСМ да ја претстави како криза на државата.
ЛИДЕР: Ваш став за влегувањето на Алтернатива во Владата и она што Гаши го доби за цена на своите пратеници?
-Македонската опозиција, па и дел од независната јавност се гледа дека е склона да ја драматизира со “пленот”,колачот, што истата ја доби за влегување во Влада. Од друга страна, гледано од независниот брег на внимателните албански аналитичари,”колачот” го толкуваат како влог и политичка кратковидна но и перфидна “инвестиција” за атрофирање и ставење чисто под контрола, реструктуирањето на политичкиот спектар во тотален колапс од поодамна на Албанците како “иден изборен капитал во наредните избори, една поинаква контрола како што беше врз Движењето “Беса”која ја “изневери”…
Ова шема е многу позната во праксата на СДСМ, но овој “чекор отаде неа” е перверзно проблематичен и политички понижувачки за местото и легитимната демократска улога на Албанците во политичкиот живот и во политичките и демократските процеси во земјата-сега и во иднина. И можеби ќе добие политички одговор било во изборите, било пред нив, а јас верувам дека може да биде побрзо од очекуваното.
Од друга страна,таканаречениот договор ,има извесни контроверзи кога се читаат некои редови за “интензивно ангажирање со сите можни дипломатски и други активности за надминување на “бугарското вето”и отпочнивањето на преговорите со ЕУ. А тоа е знак дека и понатаму ќе му веруваат на “дипломатското празно “ловечко-туристичко лобирање како австрискиот Курц или честиот туриста во Гевгелија, Хан, како спас од договорениот македонско-бугарски дијалог. Тоа значи дека многу небрежно ги чита или сака да каже дека ги игнорира и добронамерните погледи и волја на идниот бугарско-Харвардски Премиер за македонско-бугарскиот “спор”!
ЛИДЕР: Дали Заев формираше мнозинство кое на долг рок ќе и ја донесе стабилноста и европската перспектива на Македонија?
-Ова мнозинство, со начинот како се “формира” како на кванташки пазар за ајвар, со поединци “спасители” било Албанци, било Македонци, без легитмитет кого претставуваат, со сомнителни мотиви за “понудата на “спасителската улога” се гледа дека е за еднократна употреба до наредните избори на пролет, за да биде нивна владата што ќе ги организира и “ќе ги добие” изборите..!
Ова моментално новоформирано “парламентарно мнозинство” , како и досега, е сомнително мнозиство за општите интереси на сите граѓани во земјата ,значи, без оглед на етничката или партиската припадност, и од нив треба да биде непризнаена, недозволена, нелегитимна. Но за жал, македонската опозиција заедно со неколку “опозиционери ” албански многу го банализираа овој факт, бидејќи се фатија за политички неаргументирано “, легитимитетот добиен во локалните избори” да го употребат како моментум за делегитимирање, односно за падот на Владата.
А уште понечесно политички ова “мнозинство” ќе испадне при обидот “внатрешната длабока криза на СДСМ” да ја претставува, како и многу пати досега како “криза на државата и демократијата” од други фактори- измислените”непрогресивни” “Албанци,Македонци..итн,итн и со помош на “прогресивните Албански коалициони партнери и поединци дојденци во “спасителното олигарско мнозинство” да ја добие и подршката од надворешните фактори…!, вели за Лидер, Нијази Мухамеди.