Освоив трофеј во еврокуп којшто повеќе не постои. Тоа беше во 1997 година со Барселона, тогаш го освоивме Купот на победниците на куповите, јас работев како асистент во тимот. Сега сакам да ја освојам Конференциската лига, но нашата цел не е само да го освоиме овој трофеј, ние сакаме да ги освоиме сите три турнири на кои учествуваме – првенството, Купот и конференциската лига. Секако, Серија А е приоритет за нас, но сакам да го изградам вистинскиот менталитет во тимот, истакна Мурињо.

Утре, 16 септември, Рома на домашен терен ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза во Конференциската лига против ЦСКА Софија.