Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите празници на исламската религија. Во џамиите во утринските часови се одржаа молитви.
Централната манифестација што ја организираше исламската верска заедница се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје.
Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овци или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.
Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Извор: МРТ