-Промената на доктрината не подразбира само терминолошки промени, туку и сериозни и внатрешни промени, сепак истата е во најава и нејзин почеток, кој тоа ќе го прави и осмисли и реализира веројатно би било јавно објавено, но некои најави кои се укажаа во говорот кој сметам дека беше добро осмислен и добро поентираше во некои делови, најавуваат и сериозни внатрешни промени, вели Муслиу.
Муслиу вели дека промените кој ги најавил Мицкоски на вчерашниот говор веројатно ќе донесат и кадровски промени во партијата.
-Вакви политики обично се најавуваат при програмски определби за нови избори особено во сферата на економијата, социјалата, здравството итн. Но, мене ми беше нај интересен овој дел за новиот општествен договор, ќе видиме како тоа го замислиле во ВМРО-ДПМНЕ, посочи Муслиу.