Министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва информираше дека денеска оставил средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс.
– На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки дијалог, што ќе се одржи следниот месец во Вашингтон. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон понатамошно продлабочување на билатералната соработка, напиша Муцунски на неговата Фејсбук-страница.
Посебен акцент бил ставен и на економската соработка, со потенцијал за поттикнување на нови инвестиции, како и на реформските процеси поврзани со владеењето на правото и демократијата.
– Разговаравме и за улогата на нашата земја како фактор на стабилност во регионот, како и за актуелните глобални прашања, вклучително и случувањата на Блискиот Исток, напиша Муцунски на Фејсбук.
