Ќе говори на конференцијата Budapest Balkans Forum 2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Конференцијата е организирана од Унгарскиот институт за меѓународни прашања, а на неа учествуваат претставници од повеќе земји и институции.

Дебата за Централна Европа и Западниот Балкан

Според соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ќе се обрати на воведната дебата на високо ниво.

Темата на дискусијата е „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“.

На панелот ќе учествуваат и Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, како и Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора.