Муцунски во Атина најави соработка со Грција преку дипломатски и економски канали
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Атина. Тој ќе оствари билатерална средба со својот грчки колега, Јоргос Герапетритис. Како што информираше преку објава на социјалните мрежи, фокусот ќе биде ставен на продлабочување на дипломатската и економската соработка меѓу двете земји.
Состанок со инвеститорите од „Ронтис“
Во рамки на посетата, Муцунски заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, ќе се сретнат со раководството на грчката компанија „Ронтис“, која веќе има активни инвестиции во Северна Македонија. Средбата има за цел да ги зајакне постојните економски врски и да отвори нови можности за деловна соработка.
Пред посетата на Грција, Муцунски даде јасно дознаење за црвените линии кои ги има владата.
Муцунски: Нема да дозволиме по никоја цена да ни бидат погазени идентитетските обележја
Регионална дипломатија и патриотска традиција
Министерот ја соопшти работната агенда оваа недела. Тој најави и учество на министерски состанок во Истанбул до крајот на неделата, каде ќе се сретне со министри од регионот на покана на неговиот турски колега Хакан Фидан. Покрај тоа, викендот ќе го посвети на традиционалната Илиденска коњаница во Горно Лисиче, каде што ќе биде дел од манифестација со патриотски карактер.
Извор: Скопјеинфо