Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Брисел оствари средба и со европратеничката од Словенија, со македонско потекло, Ирена Јовева.

Разговаравме за реформските процеси, евроинтегративниот пат на државата и важноста од што побрза интеграција во Европската Унија, објави Муцунски.

На средбата со европратеничката Јовева, стана збор за евроинтеграцискиот процес на државата, при што министерот изрази искрена благодарност за принципиелната поддршка на овој пат.

-Јовева е силен, гласен и искрен поддржувач и промотор на нашето членство во Унијата, како и на македонскиот идентитет во европски рамки. Искрено ѝ се заблагодарив за континуираната поддршка, како и за нејзината посветеност и залагање за напредокот на нашата земја на европскиот пат, потенцира во објавата Муцунски.