Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека одговорот од Софија не содржи јасен демант дека документот протекол од бугарското Министерство за надворешни работи.
– Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија – рече Муцунски, коментирајќи ја изјавата на бугарското МНР во врска со објавувањето на дипломатска нота за патувањето на членовите на потесното семејство на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово на почетокот на годинава.
Одговорот во основа беше дека тоа се случило одамна, додаде Муцунски.
– Тоа не беше ниту целосно демантирање, туку дека инцидентот се случил одамна – додаде Муцунски во гостување на Канал 5.
Министерот вели дека најмалку што очекувал од официјална Софија е осуда на објавувањето на дипломатската нота.
