Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.