Групата лица кои стоеле зад дел од лажните дојави за бомби ќе заработат криивчни пријави откако ќе бидат обезбедени потребните докази, најави министерот Спасовски. Не прецизираше за колку лица станува збор, ниту дали помеѓу нив има и приврзаници на политичка партија… вели во јавноста излегувале секакви дезинформации и порача истрагите да се водат во институциите.
„Има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена. Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега има многу информации но и дезинформациии“, рече Спасовски.
Досега крвична пријава за лажни дојави за бомби заработи малолетник од Кавадарци и тој ќе одговара за тероризам. Инаку, во земјава по промената на протоколите стивнаа и заканите – но лажни дојави се уште „ги тресат“ соседните земји. Во Бугарија каде в недела се одржуваат избори закани за бомби и денеска има во десетици училишта.. Но секретарот на бугарското МВР, Петар Тодоров тврди дека дојавите нема да го нарушат изборниот процес.
„Подготвени сме, имаме групи кои се подготвени да реагираат. Ако е потребно со решение од соодветната Регионална изборна комисија на кратко ќе биде прекинат изборниот процес, доколку така процени Изборната комисија“, изјави генералниот секретар на бугарското МВР, Петар Тодоров.
Трендот на лажни дојави за експлозивни направи продолжува и во другите земји од ссоседството. По вчерашните закани упатени до факултетите во Крагујевац, Краљево и Чачак… и денеска дојави за бомби има до неколку училишта во Србија и Босна.