Мирна атмосфера на територијата на целата држава
Изборниот ден во рамките на локалните избори 2025 минува во мирна и стабилна атмосфера низ сите региони на државата. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, гласањето се одвива без посериозни инциденти и во демократски дух.
До овој момент не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. И покрај тоа, МВР забележало неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки овие наводи не се потврдиле.
Апел на МВР
МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за одржување на мирна и демократска атмосфера.
– Доколку се забележи какво било нарушување на изборниот процес, граѓаните можат да пријават во најблиската полициска станица или да се обратат на телефонските броеви 192 или 112.
