Како што соопшти МВР, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, десет прекршоци што ги чинат пешаците, седум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.