Од утре ќе продолжи печатењето на лични карти, но тоа ќе се прави со новите обрасци, информираше предмалку министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владата на РСМ на денешната седница го прифати предлог решението на МВР за проблемот со лични карти. МВР од утре продолжува со печатење и издавање на лични карти со новите обрасци, напиша Спасовски на Фејсбук.

И Владата соопшти дека на денешната 100-та седница со единствена точка на дневен ред беше разгледана „Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти“.

Соодветно на информацијата, Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во „Службен весник”, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања, се вели во владиното соопштение.

Јавноста веднаш остро реагираше на ваквиот преседан