Полицијата конечно добива нови автомобили. Министерството за внатрешни работи како најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата ја избрала таа на „Еуроимпекс“. Известувањето е објавено на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, но тоа треба да се официјализира со потпишување на договор.

Изборот е направен по електронската аукција, а на која се натпреварувале три компании.

Во трката биле победничката „Еуроимпекс“ која настапила со моделот „Пежо 408“, „Јосифов“ која настапила со моделот „Шкода октавија“ и „Екселиор Холдинг груп“ со „Мазда 3″. Победничката понуда, таа на „Еуроимпекс“, била околу 202 милиони денари. Во евра, тоа е околу 3,27 милони вкупно, или околу 27 250 евра по возило. За споредба, почетната понуда и за „Пежо 408“ и за „шкода октавија“ била околу 31.500 по возило. Почетната цена за „мазда 3“ била околу 33 200 евра, објави „360 Степени“.

„За јавната набавката на 120 возила за потребите на МВР до крајниот рок за поднесување на понуди, доставени се понуди од тројца економски оператори со вредност од 232 740 000 денари (3,77 милиони евра н.з.) до 245 348 800 денари 3,97 милиони евра“, информирале од министерството.

Извор: Фактор