– Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура, велат од МВР за „Фокус“.
Според неофицијални информации, надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, била токму поради имплементирање на новото име.