Акција под раководство на обвинителството за организиран криминал

Полициска операција спроведена денеска резултираше со разбивање на организирана криминална мрежа, во која, според истрагата, биле вклучени повеќе лица поврзани со различни кривични дела.

Акцијата ја реализира Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во текот на операцијата, по наредби од Основниот кривичен суд, се извршени претреси на повеќе адреси во Скопје, Струмица и Битола.

Претреси на повеќе локации, приведени повеќе лица

Во рамки на истрагата, приведени се повеќе осомничени, а меѓу нив има и лица вработени како лекари на скопските клиники, како и сопственици на дерматолошки ординации.

Надлежните институции најавуваат дека активностите продолжуваат, а повеќе детали за случајот се очекуваат по завршување на постапките.