МВР предупредува за лажни објави на социјалните мрежи
Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните за нов бран на интернет-измами што се шират преку социјалните мрежи. Во објавите, лажно се претставува дека одредени компании за техника наводно нудат модерни мобилни телефони по намалени цени, под изговор дека амбалажата била оштетена.
Целта е злоупотреба на лични податоци
МВР појаснува дека станува збор за класична интернет-измама чија крајна цел е прибирање лични информации или насочување на корисниците кон сомнителни веб-страници. Апелираат граѓаните да не кликнуваат на линкови од вакви објави, да не споделуваат лични податоци и да не веруваат на наводни „внатрешни програми“ или „тајни понуди“.
Институциите преземаат мерки
Од Секторот за компјутерски криминал при МВР информираат дека веќе се преземаат соодветни активности за справување со оваа измама. На граѓаните им се препорачува, доколку забележат ваква објава, истата веднаш да ја пријават во најблиската полициска станица.
Во последниот период МВР има засилени предупредувања за лажни објави.
(ФОТО) БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: На социјалните мрежи се шири нова измама
Извор: Плусинфо