Полицијата денеска при претрес во домот на 23-годишен жител на скопско Идризово пронашла марихуана, по што тој е приведен, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (20.04.2022) во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А. Ш. (23) од село Идризово, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.
Лицето е приведено во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.