Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства, обид за убиства. Со сите овие работи нелегални активности се поврзува Шеваљ Муареми од Грчец којшто е „водач“ на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец.

Муареми е во бегство – со кој соработувал?

Дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство. При полициската истрага се користени податоци од апликацијата „Скај“ која на криминалците им служела да ги сокријат плановите и доказите пред органите на прогонот.

-Но, со странска помош, податоците од „Скај“ се предадени на МВР по што се утврдени многу докази за злосторства на групата Грчец. Во Македонија имало околу 1.800 телефони со апликација Скај за енкриптирање односно шифрирање на комуникацијата, а сега истрагата се шири и на полицајци, началници, судии и обвинители за кои има сомнежи дека соработувале и давале податоци на групата, открива КОД во текот на претходниот месец.

МВР распиша меѓународна потерница

Токму денес МВР распиша меѓународна потерница за Шеваљ Муареми којшто е недостапен за органите на прогонот. Неофицијално неговото име се поврзува со криминал, дрога, дивоградби, но и убиства.

За што се терети групата „Дуќанџик“?

Криминалната група од Грчец предводена од Шеваљ Муареми и убиените водачи на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева Жила, според информациите кои во јануари годинава ги соопшти министерот за внатрешни работи пред околу еден месец Оливер Спасовски, се товари за еден обид за убиство, убиство на албански државјанин како и двојно убиство во Топанско поле.

Шеваљ Муареми во друштво на политичари

Муареми од Грчец честопати можевме да го видиме во друштво на политичари, па така тој има и фотографии со техничкиот премиер, Талат Џафери.

Каде се наоѓа Шеваљ моментално?

Муареми има 46 години, а според информациите кои кружат во јавноста тој честопати бил надвор од државава и покрај тоа што не е евидентирано дека ја напуштил државата. Неофицијално, тој често патувал за Шпанија и Дубаи.