МВР предупредува дека лажните пораки од „директорот на БЈБ“ се обид за измама

Министерството за внатрешни работи известува дека неколку граѓани добиле лажни покани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, во кои се тврди дека примачот е предмет на кривични истраги за сериозни дела, вклучувајќи детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

Лична и финансиска злоупотреба

МВР нагласува дека станува збор за измама и дека поканите не се испратени од Бирото за јавна безбедност. Измамниците преку овие пораки се обидуваат да дојдат до лични податоци на граѓаните. Апелот е јасен: не отворајте ги пораките, не контактирајте ги испраќачите и не споделувајте лични информации. Исто така, не кликнувајте на линкови или датотеки од непознати испраќачи за да го заштитите вашиот компјутер од малициозен софтвер.