Во 16.47 ч. на бул.„Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возилото го напуштило местото на настанот.

Малолетникот е пренесен во УЦ-Скопје, каде била констатирана смрт. По кратко време, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен.