МВР со дронови ќе го надгледува гласањето – Засилени безбедносни мерки

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во пресрет на локалните избори 2025 година презема низа мерки за непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Според МВР, полициските службеници ќе бидат распоредени во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со цел да обезбедат ред, сигурност и навремено реагирање при евентуални инциденти.

Дронови за воздушен надзор и побрза реакција

Во денот на гласањето, полицијата ќе користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола. Тие ќе служат за следење на теренот и овозможување побрза реакција и преземање на соодветни мерки во случај на нарушување на јавниот ред и мир. Безбедноста ќе биде дополнително гарантирана преку мобилни тимови, пунктови и технички средства.

Апел за мирна и демократска атмосфера

Од Министерството апелираат до сите граѓани и политички субјекти да придонесат кон мирна, достоинствена и демократска атмосфера на изборниот ден. Граѓаните се повикани да ги почитуваат упатствата на полициските службеници. Да се воздржат од какви било активности што би можеле да го нарушат изборниот процес. МВР најави дека јавноста ќе биде редовно информирана за текот на гласањето.