-Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови. и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.