Инцидент за време на протестот за полагање правосуден испит на албански јазик

Физичка пресметка изби денеска пред Министерство за правда за време на протест на кој студенти Албанци бараа можност правосудниот испит да се полага на албански јазик.

Според информациите, група млади лица кои биле дел од протестот влегле во жестока тепачка пред објектот на Министерството.

МВР потврди привeдување на три лица

Од Министерство за внатрешни работи за Курир потврдија дека по инцидентот биле приведени три лица.

„Денеска (18.05.2026) околу 17:45 часот полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, потврдуваат од МВР за Курир.

Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на утрешниот ден.