Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пукањето кај Бит Пазар ги вознемири скопјани. Повеќе информации, како и видео може да погледнете од веста во продолжение:
ПУКАЊЕ НА БИТ ПАЗАР: Двобој меѓу двајца мажи, едно лице рането
Извор: Алсат